Њујоршката полиција трага по четворица маскирани мажи кои украле накит вреден повеќе од 2 милиони долари од продавница во квартот Бронкс. Грабежот се случил во петокот попладне околу 14:30 часот, а акцијата била неверојатно брза и траела нецела минута, известува полицискиот оддел на Њујорк.

– Откако влегле во продавницата, трите лица со чекан ги скршиле витрините и извадиле големо количество дијамантски накит. Накитот го ставиле во торби и потоа побегнале од локацијата пешки упатувајќи се кон југ по авенијата Вебстер, се вели во соопштението на полицијата.

Украдениот накит е проценет на околу 2,15 милиони долари. Од грабежот нема информации за повредени.

М.П.