Екоактивисти упаднаа во „работилницата“ за чист воздух на заменик-министерот Јани Макрадули, со транспаренти на кои Владата се обвинува дека не е направено ништо од планот против загадувањето.
На ова вечерва реагираше Макрадули преку својот Фејсбук профил:
– Заменик-министерот Макрадули има одговор за критиките. Кога досега се зборело за аерозагадување и пред да започне грејната – праша тој. Ги наброи мерките кои чекор по чекор ги имаат зацртано во неговото министерство.
Макрадули освен што кажа што е во фокусот на министерството во пресрет на зимата, го слушна и мислењето на активистите со коишто седна на иста маса. Тие посочија дека клучот за намалување на аерозагадувањето е децентрализација на производството на електрична и топлинска енергија, напиша Макрадули на Фејсбук.
Во продолжение додава и постскриптум:
– П.С. Јас ги поддржувам сите форми на активизам за климатска акција. Особено на најмладите. Таа борба може да донесе резултат единствено со вклучување на сите чинители, напиша Макрадули.
Инаку, Макрадули многу често на социјалните мрежи објавува „активности за чист воздух“ кои најчесто се дебати во Македонија, а и во странство.