Русија вечерва ќе „упадне“ во Киев, предупреди претседателот на Украина и ги повикува граѓаните да застанат на своето место и да не се откажуваат од главниот град.
Во обраќањето во 12:30 часот по украинско време, Володимир Зеленски рече: „Ноќта ќе биде потешка од денот“.
„Оваа ноќ ќе биде најтешка. Непријателот ќе тргне со сите сили. Мораме да се спротивставиме. Ноќта ќе биде многу тешка, но сонцето на крајот ќе изгрее“, рече во своето обраќање украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Оваа ноќ ќе биде потешка од денот. Многу градови во нашата држава се нападнати: Чернихив, Суми, Харков, нашите момчиња и девојчиња во Донбас, градови на југ, особено Киев“, рече тој.
„Не смееме да попуштиме“, потенцира Зеленски.
„Сега се решава судбината на Украина“, додаде тој.