На социјалната мрежа Тик Ток, на која најчесто се споделуваат видеа со забавна содржина, е објавено видео од напад на младо момче, наводно, во Македонија, но локацијата на видеото не е позната.
На профилот @problem1 на Тик Ток каде што е објавено видеото јасно се гледа лицето на момчето кое го тепаат додека го снимаат. Видеото е објавено со назнака вистински Тик Ток, тупаница и македонско знаме, додека на момчињата кои го удираат е додадено албанско знаме.
Видеото наиде на големи реакции на социјалните мрежи, корисниците го споделуваат со надеж дека институциите ќе го истражат случајот.
Освен симболите што се поставени на видеото нема потврда за автентичноста дека тоа е снимено во Македонија.