Владата денеска во 13:30 часот, преку онлајн стрим организира прес- видеосесија КОВИД-19, на тема „Ретроспектива: коронавирус МК“ на која ќе се обратат техничкиот премиер Оливер Спасовски, заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за здравство, Венко Филипче.
Министерот за здравство Филипче ќе направи ретроспектива на здравствените мерки и организација на здравствениот систем, министерката Шекеринска ќе зборува за помошта што Армијата ја пружа во справување со коронавирусот, вицепремиерит Османи ќе зборува за меѓународната помош и донациите, додека премиерот Спасовски за ќе направи ретроспектива на економските мерки и осврт на целокуната поставеност на Владата за време на борбата со кризата, по што ќе следуваат прашања од страна на новинарите.
Вториот дел ќе биде посветен на локалниот опфат и тоа Спасовски ќе зборува за Куманово, Шекеринска за Дебар Османи за Тетово, а Филипче за Скопје и други потенцијални жаришта. И по овој дел ќе следува отворена сесија на прашања од страна на новинарите.