За Саша Пашиќ од Ниш многумина чуле. Тој е човек кој заедно со работници се грижи за 800 напуштени кучиња.

Се почнало пред 10 година кога пронашол 12 кученца фрлени на ѓубриште. Тоа го одредило неговиот животен пат.

Пред неколку дена британски Дејли Меил на својата ФБ страница сподели видео на кое се гледа како Саша спасува едно куче кое останало заробено на отсечениот брег на Нишава.

Можеби веќе сте го погледале видеото. Но тоа што веројатно не го знаете е дека тоа е старо три години, дека британскиот весник сега го постираше и дека за овие неколку дена видеото го погледале 30 милиони луѓе.

За Саша е интересно и тоа што на секое куче му дал име:

„Секое куче има име. На секое куче му го знам карактерот, знам каде сум го спасил и на кој начин. Сето тоа е тешко, но крајната награда е кога ќе го видам кучето кое сум го спасил од смрт, како сега ужива во куќни услови“, рекол своевремено Саша за медиумите.