Шпанија и Шведска денеска соопштија дека ги регистрирале првите случаи на зараза со новиот вид на коронавирусот – Омикрон.
Во Шпанија Омикрон е откриен кај патник кој дошол од Јужна Африка, јави весникот „Ел Паис“.
Видот е секвенциониран во болница во Мадрид и пациентот е во добра состојба.
Шпанското Министерство за здравство не го коментирало случајот.
Државната здравствена агенција на Шведска соопшти дека и во оваа скандинавска земја е откриен случај на зараза со Омикрон.
Примерокот е од пред една недела од заразено лице кое исто така дошло од Јужна Африка, соопшти државната агенција.