Видов како за мојата мајка подготвуваат само физиолошки раствор, а кога прашавме зошто- ни одговорија да не се мешаме . По мега скандалот кој изби на онкологија не стивнуваат реакциите од пациенти и нивните семејства. Мојсиески Гоце, чија што мајка била пациент на Универзитетската клиника за Онкологија , во сведоштвто за Алфа раскажува дека тоа што го преживеале со неговото семејство на клиниката е огромна траума . Семејството се посомневало во терапијата која ја примала 62 годишната пациентка , кога ни после 4-та доза од хемотерапијата не се јавиле никакви реакции кои се својствени за лекот .
Сомнежот се јави по четвртата терапија , дома видовме дека косата не и паѓаше немаше болки, тие симптоми се пропишани од претходно и ни кажаа да бидеме спремни на тоа , се случи кога петтата доза ја прими, јас го сликав физиолошкиот раствор затоа што беше ставен на маса пред нас , и буквално дечкото што го извади само напиша нешто со фломастерче и потоа дојде друго медицинско лице и го приклучи на апаратот , раскажува Мојсиески
Лекарите не им одговориле на прашањата што се случува со терапијата, на семејството само им рекле дека лекарите си ја знаат работата . Мајката на Гоце се лекувала на Онкологија на стартот на годинава. Мојсиески сведочи дека низ болничките ходници се зборувало за состојбата со лековите, а пациентите кои и онака се во лоша состојба, се соочувале со уште полош третман . Мојсиески се надева дека случајот ќе добие разврска за да се заштитат барем оние кои во моментот се борат за живот .
Да не се мешаме дека си ја знаат работата . Се зборуваше и по ходниците ..тоа се големи трауми, на онкологија кој влегол буквално последниот збор е „касапница“ , тоа е зборот . На никого не посакуваме да му се случи ние што го поминавме , така да тежок период . Ние плаќаме данок за да не лекуваат , од една страна не им веруваме затоа што слушаме милион разни работи, од друга страна се тераме психолошки да веруваме затоа што сакаме блискиот да ни оздрави, но кога се соочуваме со такви моменти каде гледаме пред наши очи дека нешто не е како што треба тогаш секоја надеж умира . Јас се надевам дека ќе има разврска за тие што се болни во моментот, додава Мојсиески.
Сведоштвото на Гоце за маките на неговата почината мајка веројатно не е и единствената. Бројни се реакциите и сведоштвата на совцијалните мрежи каде има петиции преку кои се бара одговорност. Најповиканите кои треба да го расчистат кандалот засега молчат и пренесуваат само штури информаци, за направени претреси на Онкологија и во приватни станови и одземени компјутери и материјали. За други детали, јавноста засега не се информира.
Обвинителството и полицијата реагираа откако случајот го обелоденија медиумите кои пишуваа дека на клиниката за онгологија наместо скапа билошка терапија, пациенти болни од канцер добивале физиолошки раствор, а терапијата завршувала на црн пазар.