Димитар Апасиев и Амар Мециновиќ земале пари од партијата и си плаќале стотици илјади денари, додека ги молеле граѓаните да донираат за Левица. Во превод, вие донирајте, а тие ќе лапаат, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
-Димитар Апасиев и Амар Мециновиќ земале над милион денари во периодот од 2021 година до денес. Само во 2025 година, година во која Амар Мециновиќ е пратеник во Собранието, тој од Левица земал над 200.000 денари. За што ти се овие пари, другар Мециновиќ? Додека глумиш скромност, и додека го лажеш народот како Левица е против елитите, за народот, работниците и други весели бајки, ти млатиш стотици илјади денари секоја година преку Левица. Зарем е мала пратеничката плата, Амар? Лицемерието на Левица е тотално демаскирано, вели Манасиевски.