На 15.12.2018 година во 23:30 часот на улица „ЈНА“ во Гостивар лишени од слобода се Ф.Ј.(23) и Б.Ф.(23) двајцата од село Горна Бањица, гостиварско. При преглед кај лицата е пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 16.12.2018 година во 01.00 часот на улица „Илинденска“ во Гостивар лишен е од слобода В.С.(21) од Гостивар. При преглед кај лицето пронајдена е марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 15.12.2018 година во 19:10 часот во Полициска станица Тетово Н.Ш.(28) од Елбасан Р.Албанија пријавил измама извршена од страна на непознато лице. Имено, Н.Ш. видел објава на социјалната мрежа Фејсбук дека се бара работник за работа како келнер во Р. Австрија, по што пишал дека е заинтересиран за работата и од страна на непознатото лице му било посочено дека треба да дојде во Тетово и со себе да носи 150 евра и две фотографии. Откако во текот на вчерашниот ден (15.12.) оштетениот дошол во Тетово и се сретнал со непознатото лице, му ги дал парите, сторителот му го земал и мобилниот телефон наводно за да стави сим картичка и заедно заминале пред фото студио на улица „Илинденска” во Тетово за да се фотографира Н.Ш. Кога пристигнале пред фото студиото, непознатото лице му рекло на Н.Ш. да влезе внатре да се фотографира, а тој ќе го чека надвор, по што го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 15.12.2018 година околу 13:30 часот во село Отља, кумановско од страна на полициски службеник бил даден знак за запирање на товарно моторно возило кое се движело по локалниот пат од село Матејче кон село Липково, при што истото не сопрело и продолжило со движење кон село Липково. По кратко време на место на настанот застанало патничко моторно возило „Фолксваген Голф“, кое претходно се движело пред комбето. а М.С. кој го управувал возилото, најпрвин започнал да ги навредува полициските службеници и во еден момент физички нападнал еден од нив. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 15.12.2018 година во 16:45 часот во Скопје во аптека на улица „Кузман Јосифовски Питу“ двајца непознати сторители извршиле разбојништво и го одзеле дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 15.12.2018 година, во 22:00 часот во Полициска станица Куманово М.Ч.(42) од Куманово пријавила дека на 14.12.2018 година во Куманово во кафе бар, а поради претходен проблем кој нејзиниот 17 годишен син го имал со друго лице, дошол родителот на другото лице и физички го нападнал нејзиниот син. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 15.12.2018 година во 13:20 часот М.Т.(43) од Скопје пријавила дека околу 12:30 часот на паркинг на улица “Св. Кирил и Методиј” од страна на непознато машко лице била физички нападната поради недоразбирање околу паркирањето. По преземени мерки констатирано е дека сторител е И.К.(54) од Скопје и против него е поднесен соодветен поднесок.
На 15.12.2018 година во 04:15 часот Е.Р.(38) од Скопје, вработен во Агенција за обезбедување пријавил дека околу 04:10 часот, додека бил на своето работно место во казино лоцирано на булевар „Кузман Јосифовски Питу” бил физички нападнат од страна на неколку машки лица. Причина за физичкиот напад е тоа што Е.Р. им укажал на лицата да го напуштат објектот бидејќи треба да се затвора, но истите одбиле. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 15.12.2018 година околу 20:30 часот било пријавено дека во Скопје во бензинска пумпа на улица „Јадранска Магистрала“ две лица извршиле разбојништво и одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 16.12.2018 година во 03:15 часот Е.Ѓ.(30) од село Жидилово, Крива Паланка, пријавил дека во 3:00 часот пред ноќен клуб на улица „Митрополит Теодосиј Гологанов”, бил физички нападнат од страна на две лица. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 15.12.2018 година околу 22:10 часот во Кавадарци во обложувалница на улица „7-ми Септември“ непознат сторител со закана со секира извршил разбојништво и од вработената одзел пари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
На 16.12.2018 година во 2:20 часот од Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен М.Т.(23) од населба Илинден. Во извршен разговор со М.Т., тој рекол дека околу 1:30 часот во ноќен клуб во село Марино, каде бил со неговиот брат, биле физички нападнати од лице од село Јурумлери. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 16.12.2018 година во 4:15 часот од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека е донесен К.И.(23) од Скопје, кој бил нападнат со нож од машко лице во бурекџилница на улица „Аминта Трети“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.