Авионската дезинсекција против комарци на подрачјето на Град Скопје ќе се одвива викендов, на 7 и 8 јули, во раните утринските часови, информираат од Градот Скопје.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.
Од Градот Скопје апелираат до пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Годинава, за првпат, првото авионско прскање против комарците се изведува во овој период од годината. Досега тоа се вршеше многу порано.