Претседателот на собраниската комисија за надзор на работата на тајните служби, Љупчо Пренџов, информира дека директорот на АНБ, Виктор Димовски, иако бил повикан, не присуствувал на седница на комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална бебедност (АНБ) и Агенцијата за разизнавање (АР).

Пренџов пишува дека на следната седница, Димовски ќе мора да одговори на повеќе прашања поврзани со случајот со Украинецот Олександар Онишченко.

Дали АНБ знаела дека Онишченко од денот кога ги поднел документите за македонско државјанство до денешен ден е на црната листа на САД. Дали добила информација дека Онишченко е осомничен за криминал и перење пари во вредност од над 100 милиони евра во својата матична држава Украина и истиот бил и пратеник во Украина на кој тамошното Собрание му го одзело мандатот.

Онишченко е лице кое до ден денешен се бара и има распишано потерница по него од страна на Украина. Тој исто така има и руско државјанство. Како АНБ констатирала дека има „чисто досие“?

Седницата ќе продолжи во петок, (со присуство и на директорот на АНБ) со почеток во 12 часот. Јавноста ја интересираат одговорите и коментарите од страна на Димовски, пишува Пренџов.