Викторија и Дејвид Бекам наводно купуваат луксузна вила на Јадранот, поточно во близина на Тиват во Црна Гора.

Парот неодамна испратил официјално барање до агентите да им дадат понуда за вила во околината на Тиват, која веќе некое време се продава, дознава Телеграф.рс.

Луксузната вила се наоѓа во градот Доња Ластва, од каде има неверојатен поглед на морето, а се наоѓа на плац од 4200 метри квадратни. Изградена е во четири основни нивоа кои меѓусебно се поврзани со лифт, со двор, базенот, има и градина украсена со разни растенија, а најинтересно е што има и маслинка, стара помеѓу 800 и 1000 г. години.

Внатрешноста на вилата се состои од дневна соба, од која има волшебен поглед на градот и морето, кујна и седум соби, теретана и многу други забавни содржини. Цената на вилата наводно е 12 милиони евра. Потсетуваме, семејството Бекам го посети црногорското приморје во 2018 година, а потоа престојуваше во луксузен комплекс на Свети Стефан.