Вил Смит во телевизиската емисија “Red Table Talk” откри некои детали од приватниот живот кои досега не беа познати.
Иако е добро познато дека 50-годишниот актер е во среќен и долгогодишен брак со колешката Џејда Пинкет Смит, помалку познат факт е дека пред неа, Вил беше во брак со актерката Шери Зампино со која го има 25-годишниот син Трејд.
Во текот на интервјуто, Смит не криеше дека бил несреќен во бракот, па дури и раскажа дека “неконтролирано плачел” во тоалетот во еден ресторан. Актерот во тој момент сфатил дека е во брак со погрешната жена.
„Тоа беше една од најбизарните емоции кои некогаш сум ги почувствувал. Бевме во ресторанот “The Palm” во Њујорк и се сеќавам дека морав да станам од масата кога сфатив дека не сум со личноста со која што треба да бидам”, изјавил Смит.
“Отидов до тоалетот и почнав да плачам. Плачев и се смеев. Знаев дека требаше да бидам со Џејда, но не се разведов”, додаде тој.
Вил со години сакал да започне врска со актерката бидејќи, како што тврди, може да ги препознае луѓето со кои ќе оствари врска и ја чувствува хемијата помеѓу нив.