– Челзи се согласи да го продаде напаѓачот Вилијан на Манчестер Јунајтед, објави „Тутоспорт“.
„Црвените ѓаволи“ понудија сума од 75 милиони евра за 29-годишниот Бразилец. Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо лично го побарал трансферот.
Договорот на Вилијан со Челзи е до јуни 2020 година. Во претходната сезона, Вилијан одигра 55 натпревари за „сините“ на сите турнири во кои постигна 13 гола и направи 9 асистенции