Вчера во 15 часот и 30 минути во Полициската станица Виница, од Итна медицинска помош Виница било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен 26- годишниот А.С од Виница.

Според пријавеното, А.С. се здобил со повредите откако паднал од четирицикл на планината Плачковица, на врвот Лисец.

Со возило на Итната медицинска помош тој бил пренесен во болницата во Кочани, а потоа бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.