Наставник во основно училиште во Вирџинија го тужи Одборот на школите на округот Лаудин откако бил суиспендиран по неговите коментари против предлог-политиката за нови права за трансџендер учениците, јави денеска Ен-Пи-Ар.
Бајрон Танер Крос, наставник по физичко во основното училиште Лизбург, во Вирџинија, изјави дека да се признае дека половиот идентитет на некој ученик е поинаков од оној одреден при неговото раѓање е против неговите религиозни убедувања.
-Ги сакам моите ученици, но никогаш нема да ги лажам без разлика на последиците. Јас сум учител, но му служам на Господ, и нема да прифатам дека биолошко момче може да биде девојче или обратно, затоа што тоа е против мојата вера. Тоа е лага за децата, и нивно злоупотреба. И тоа е грешно пред нашиот Господ, изјави неодамна Крис на јавен собир свикан по ова прашање.
Два дена по кажаното, тој добил известување од раководството на јавните училишта на округот дека е пратен на „административно мирување“ од работа. Од раководството укажуваат дека со неговите коментари тој ја пореметил работата на училиштето.
Наставникот го даде на суд одборот бидеји смета дека со отпуштањето од работа се нарушени неговите права за слобода на говорот и слободна вероисповест.
На јавниот собир Крос се спротивсави на новата нацрт-политика 8040 за овој округ што предлага учителите да ги прифатат имињата или прозивките на трансџендерите и учениците кои се џендерно експанзивно избрани од нив, од нивните родители или старатели, а без да покажат „доволно засновани докази“ и „независно од името и полот запишани во училишниот дневник“.