Научници од Универзитетот Кембриџ изработија виртуелен 3Д модел на тумор, и со тоа обезбедија нов начин на гледање на таа болест што ќе помогне за разбирање на ракот и помош во трагање по нови начини за лекување.

Примерокот на тумор, земен од пациент може детално да се прегледа од сите страни и секоја поединечна клетка може да се мапира. Системот на виртуелна реалност ќе овозможи преглед на туморот кај пациенти во целиот свет.

Шефот на истражувачкиот институт за рак на Кембриџ, професор Грег Ханон изјави: Никој никогаш досега не прегледал структура на тумор толку детално. Ова е нов начин на погледот на ракот.

Ракот бил прикажан како маса од меурчиња во повеќе бои.

Иако примерокот бил со големина на значка, во виртуелната лабораторија можело да се зголеми до големина од неколку метри. За да се истражи туморот до најситни детали, системот за ВР овозможил „лет низ клетките“.