На синоќешната виртуелна средба американскиот претседател Џо Бајден и канадскиот премиер Џастин Трудо се обврза заеднички да се спротивстават на кинеското влијание и на климатските промени.
– САД немаат поблизок пријател од Канада, изјави Бајден на првата билатерална средба со Трудо.
На средбата е истакнато дека планираат поблиска соработка во борбата против пандемијата со Ковид-19 и климатските промени со цел да се намалат емисиите на штетни гасови на нула до 2050 година.
Трудо му заблагодари на Бајден за американската поддршка за ослободување на двајцата канаддски државјани, кои беа уапсени во Кина под сомнение за шпионажа.
Тој исто така ги поздрави напорите на новата американска администрација во борбата против климатските промени, истакнувајќи оти минатите години недостасувало американското водство.
Неименуван извор од канадската Влада наведе дека не е постигнат напредок во Канада да бидат достапни вакцините кои се произведуваат во САД. Канада набавува вакцини против Ковид-19 од Европа.