Висок претставник на францускиот Сенат кој не криел пријателски врски со Северна Кореја, обвинет е за „предавство“ и за „соработка со странска сила“. Беноа Куинедеј е обвинет за „предавство со давање информации на странска сила“ како и за „собирање информации заради нивно пренесување на странска сила“.

Според француски медиуми тој е обвинет и за „соработка со странска сила“.

Одреден му е судски надзор што значи дека не е притворен. Сега има забрана за напуштање на гранцуска територија, извршување функција и контакти.

Франција нема службени односи со Пјонгјанг и таа е една од двете држави од ЕУ, заедно со Естонија, кои прекинаа врски со Северна Кореја додека се откаже од својата програма за вооружување и подобри состојба со човекови права.