До 11 часот гласале вкупно 35,4 проценти од избирачите на парламентарните избори во Црна Гора, објави Центарот за мониторинг и истражување.
На изборите во 2016 година до 11 часот гласале 20,7 проценти од избирачите.
Како што е наведено, во Подгорица гласале 35,8 проценти од избирачите, во северниот дел од земјата 31,7 отсто и на југ 37,1 отсто.
РТЦГ ги пренесува податоците на Државната изборна комисија дека до 10 часот гласале 23,05 проценти од запишаните гласачи.
Денешните парламентарни избори се единаесетти по воведувањето на повеќепартискиот систем во Црна Гора и петти по прогласувањето на независност на земјата.
На парламентарните избори учествуваат шест коалиции и пет политички партии.
Парламентарните избори ќе ги следат 2.089 набљудувачи, од кои 265 се странски.
Право на глас во Црна Гора имаат 540.026 граѓани кои гласаат на 1.217 избирачки места.