Високи температури ја зафатија Северна Европа

/ 24.07.2018

Суша и високи температури го зафатија целиот северен дел на Европа, јавија светските агенции.

Во Финска силно е погодена северната провинција Лапландија каде горат и неколку пожари. Во исто време продолжува да се шири и пожарот по нејзината источна граница, кој почнал од Русија.

Во Норвешка исто така се регистрирани многу високи температури. Во последните два месеци, мај и јуни, се регистрирани неколку рекорди. Мај беше најтоплиот месец во историјата на земјата, а во јуни температурите беа над нормалата за овој период од годината.

Во Шведска има делови каде воопшто не заврнало дожд во последните три месеци. Јули е најтопол месец во земјата во последните два и пол века. Шведска се бори против пожарите и побара помош од други земји. Најмалку 25.000 хектари веќе се изгорени или се уште горат.

МИА


Од истата категорија