Бременоста на Кристи Мизон се претворила во кошмар кога водењакот и пукнал во 13-тата недела од бременоста. Лекарите ја предупредувале дека таа најверојатно спонтано ќе абортира, односно ќе има спонтан абортус.
„Бев скршена. Отидов дома и чекав да се случи неизбежното“, вели Мизон. „Но, тоа не се случи. На моето бебе и натаму му чукаше срцето“.
И покрај тоа што нејзиното бебе сè уште се држело, лекарите предложиле абортус.
„За време на мојата бременост, тие цело време ми нудеа абортус, велејќи ми дека ќе биде хендикепирано и не ќе може да ги користи екстремитетите“, раскажува Мизон.
„Тие рекоа дека има 1 % шанса да преживее, затоа што постојано губи амнионска течност“, вели таа.
И покрај лошите предвидувања, Кристи веруваше во своето бебе.
„Не знаев дали сум доволно силна за да го издржам сето тоа, но не можев да се откажам од моето бебе“, рече таа, признавајќи дека започнала да подготвува погреб за своето неродено бебе.
Болките и започнале на 29-та недела, и призна дека очекувала најлошо. Со страв го родила бебето. Тогаш се случило нешто неверојатно – нејзиното бебе дишело.
„Слушнав како моето бебе плаче. Тоа беше најдоброто чувство досега, најубавиот звук што сум го чула. Бабицата се сврте наоколу и ми рече дека сум родила девојче. Не можев да верувам “, рече таа.
Девојчето Лејси веднаш било ставено на кислород. Лекарите предупредувале дека таа сè уште не е безбедна и дека нема да може да се лекува доколку срцето и се забави. Но, Лејси се борела.
„Многу добро и оди“, вели Мизон, „Веројатно ќе биде во болницата до Нова Година, но има само еден проблем што може да се поправи со физиотерапија. Сè уште сум во шок. Не можам да верувам дека имам бебе. Преубаво девојче “.
Мизон, покрај новородената Лејси, има две машки, 3-годишниот Лео и 2-годишниот Логан.