Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска во Приштина ќе учествува на политички форум организиран од Институтот „Демократија за развој“, Косовскиот центар за безбедносни студии и од „Балканска истражувачка група“.
Османи ќе се обрати на панелот „Стратегијата за проширување на ЕУ и Берлинскиот процес за Западен балкан“ каде заедно со министрите за надворешни работи на Косово и Албанија, Беџет Пацоли и Дитмир Бушати ќе ги презентираат можностите за унапредување на регионалната соработка и бенефитите од неа за земјите од Балканот.
На форумот насловен „Следната деценија, регионалната соработка и европската интеграција“ најавени се обраќања и на високи државни претставници на Косово како претседателот Хашим Тачи, премиерот Рамуш Харадинај, вицепремиерот Фатмир Лимај и претседателот на косовското Собрание Кадри Весели.