Ти си гордоста на семејството, се ќе се заврши како твојата чиста душа, на повидок е крај на оваа политика порача Вјолца Бајрами, вработена во службите во Собранието на Република Македонија до нејзиниот брат Перпарим Бајрами, за кого е распишана меѓународна потерница.
Вјолца, во објава на Фејсбук,му го честита роденденот на нејзиниот брат Перпарим, бегалецот од правдата и ексдиректор на Државна лотарија.
– Среќен роденден на мојата сродна душа. Ти си гордоста на семејството, се ќе се заврши како твојата чиста душа. На повидок е крајот на оваа политика. Остани силен и смирен, те чува Господ заради добрите дела што ги имаш направено. Ние и Господ знаеме на колку семејства си помогнал. Те сака твојата сестра и многу сум горда на тебе. Следниот роденден ќе го прославиме заедно, напиша Вјолца на својот профил на Фејсбук.
Како што е познато, МВР распиша меѓународни потерници за поранешниот вицепремиер Артан Груби и за директорот на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами, кои се товарат за проневера на околу осум милиони евра.