Тројца од вкупно 45-мината испитаници кои беа тестирани денеска во Лабораторијата за молекуларна микробилогоја на Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) резултираа со позитивни наоди на Ковид-19, со што официјалната бројка на заразени од новиот вирус во Косово достигна до 94, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според соопштението на ИШПК, двајца од новозаразените се жители на Приштина и еден од село во општина Малишево, во централно Косово.
Трите лица кај кои во денеска е потврдено присуството на вирусот се заразени од контакти со лица кои претходно биле дијагностицирани со коронавирус.
Од 8 февруари, заклучно со денешниот ден, во лабораторијата на ИШПК се тестирани примероците на вкупно 1.082 лица за кои постоело соменавање дека се заразени со новиот вирус.
Министерот за здравство на Косово Арбен Витија вчера објави дека се набавени 7.000 нови тестови за откривање на коронавирусот, а започната е постапката за набавка на уште десет илјади.
Од 13 март, кога беа регистрирани првите две лица заразени од Ковид-19, во Косово се евидентирани еден случај на излечен од заразата и еден починат.