Шефицата на Европската Комисија Урсула Фон дер Лајен во недела пристигнува во Скопје. На агендата кој ја ја објавија од Брисел предвидени се средби со државниот врв, ама не и со опозицијата, известува Сител.
Најпрво со претседателот Пендаровски во недела, а во понеделник и со премиерот Ковачевски. Од Владатљ велат средбата не била во насока да се врши притисок врз опозицијата за да го смени ставот за уставни измени, туку да се разговара за потребните реформи и за дополнителните средства што треба да ги добие земјава како помош од ЕУ
Дека нема предвидена средба со опозицијата веќе потврди и Мицкоски, кој вели дека ставот за уставните измени не е променет, но секој добронамерник кој бил заинтересиран за состанок со него е добредојден.
Како дел од четиридневната турнеја, шефицата на ЕК, по Скопје ќе отпатува и во Косово, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина.