Владата на Македонија вчера на шестата седница донесе повеќе одлуки за разрешување на досегашните и именување на нови кадровски решенија, информира владината прес-служба.
-Фејсаљ Беадини, се именува за в.д. директор на Биро за процена, орган во состав на Министерството за правда, Седад Рушани се именува за в.д. директор на Биро за метрологија орган во состав на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Шабан Алајбегу се именува за в.д. директор на Државниот просветен инспекторат, Хаќим Рамадани се именува за в.д. директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа, Зухејр Реџепи се именува за в.д. директор на Државен инспекторат за градежништво и урбанизам, а Месуд Јакупи, се именува за в.д. директор на Агенција за стоковни резерви, информираат од Владата.
Согласно одлуките на Владата, Џеладин Џеладини се именува за в.д. директор на Казнено поправна установа Затвор Тетово, Сељатин Бељули, се именува за в.д. директор на Агенција за вработување на Република Северна Македонија Скопје, Весна Пешова се именува за в.д. заменик директор на Агенција за вработување на Република Северна Македонија Скопје, Ељјеса Незир се именува за в.д. директор на Државниот завод за индустриска сопственост, Гранит Османи се именува за в.д. директор на Агенција за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните на Македонија.
Фото:МИА архива