Владата денеска ќе ја одржи редовната 77-ма седница на која, според дневниот ред, ќе биде разгледан Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи.
Како што соопшти владината прес-служба, пред министрите на разгледување ќе се најдат и Информацијата за склучување на Договор за издавање на гаранции од гарантен фонд организиран од Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, како и Информацијата за склучување на Договор за администрирање на Фондот за финансиска поддршка и поддршка на ликвидноста – КОВИД 4 со Предлог одлука за распределба на средства обезбедени од Буџетот на Република Македонија на Развојната банка на Македонија АД Скопје за финансиска поддршка и поддршка на ликвидноста – КОВИД 4.
На седницата, на предлог на Министерството за труд и социјална политика ќе се разгледува и Информацијата за формирање на Национално координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Совет на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство, со Предлог-одлука и Предлог-решение.
Седницата, како што информираат од владината прес-служба, ќе се одржи со физичко присуство на членовите и службите во Владата, а за донесените одлуки и заклучоци јавноста ќе биде известена преку соопштение веднаш штом ќе биде завршена.