Македонската Влада денеска на пладне во свечената сала ќе ја одржи првата конститутивна седница.

На првата конститутивна седница се очекува да бидат разгледани предлозите за определување на заменици на претседателот на Владата, предлозите за именување на претседатели и членови на основните комисии на Владата, како и предлозите за именување на претседатели и членови на посебните комисии.

Медиумските сниматели и фоторепортери ќе имаат можност да направат инсерти на почетокот на владината седница.  Заинтересираните медиумски претставници треба да пристапат кон влезот од страна на Медија центарот најдоцна до 11:45 часот.

-Поради мерките за заштита од коронавирусот КОВИД-19, ве замолуваме за задолжително носење на лична заштитна здравствена опрема, како и медиумска акредитација, а на влезот ќе се врши мерење на телесна температура и дезинфицирање, се наведува во владиното соопштение.