Српската Влада денеска ќе усвои нови мерки, договорени за време на консултации со медицинскиот дел на Кризниот штаб за борба против коронавирусот, јавија белградски медиуми.

Медиумите објавуваат дека вчерашните консултации меѓу претставниците на Владата на Србија и медицинскиот дел од Кризниот штаб траеле околу еден час и половина.

Построги мерки бара медицинскиот дел од Кризниот штаб, како и лекарите од ковид болниците, но предложено е и затворање на објектите од десет до 15 дена, со цел да се минимизираат контактите.

Бројот на новоинфицирани во Србија на дневна основа надминува 4.500, болниците се преполни, расте бројот на пациенти приклучени на респиратори, но и бројот на смртни случаи секојдневно се зголемува. Досега во Србија се дадени 2.007.650 дози вакцини против коронавирус, а втората доза ја примиле 782.668 лица, покажуваат најновите податоци на Владата на Србија.