Директорот на Агенцијата која ќе го надгледува спроведувањето на Законот за употреба на јазиците ќе биде избран на јавен оглас.

Владиниот портпарол Муамет Хоџа на денешната редовна прес-конференција изјави дека на вчерашната владина седница се разговарало околу именувањето на директор на Агенцијата и оти заедничка констатација е дека тој треба да се избере на јавен оглас.

– Формирањето на Агенцијата произлегува од Законот за употреба на јазиците. На вчерашната седница на Владата се дискутираше околу именувањето на директорот на Агенцијата и заедничка констатација е директорот да се избере преку јавен оглас, а Генералниот секретаријат се обврзува во однос на објавувањето на огласот, рече Хоџа.