Владата вчера на 26-та седница го усвои нацрт-законот за систематизација на административните службеници вработени преку програмата за правична и соодветна застапеност, Програма К- 5.

Целта на законот е, соопштија денеска од Сектор за односи со јавност на Кабинетот на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, да се реши 10 годишниот наметнат проблем и да се оствари програмата на владата без никакви дополнителни финансиски импликации.

 

– Административните службеници ќе бидат распоредени во органите на локалната и државната управа, како и во другите државни тела основани во согласност со Уставот и законот, се наведува во соопштението.

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, стои во соопштението, најдоцна во рок од 15 дена по влегувањето во сила на законот, ќе предложи план на Владата за побрзо распределување на Рамковно вработените.