Владата на предлог на Министерството за економија и на Царинската управа ќе донесе одлука за автономни мерки за ослободување од плаќање на царина на суровини и материјали и опрема за медицински цели.

Од плаќање царина ќе бидат ослободени средства за дезинфекција, заштитни маски и ракавици, заштитни очила, медицинска опрема, најави денеска директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски.

Во рамки на ЦЕФТА, укажа, заедно Транспортниот секретаријат на ЕУ и Европската комисија се договораат протоколи за лесно и безбедно движење на стоките.

– Договорено е воведување на размена на информации пред пристигнување и соодветно зелен и син канал за побрз проток на определни стоки и оелснување на транспорт. Во таа насока до среда треба бидат договорени списоците на стоки што ќе се движат преку зелен и син приоритетен канал. Преку системот СЕЕД за размена на податоци ќе се разменуваат информации за итни пратки што треба да имаат приоритет, рече Танасоски на заедничка прес-конференција со министерот з атранспорт и врски Горан Сугарески.

Според Танасоски, и во тек на полицискиот час, што е во сила од вчера, движењето на стоката продолжува непречено да се спроведува. Со тоа и присуството на Царинската управа ќе биде 24 часа на царински испостави каде е предвидено вакво работно време, а на останатите царински испостави во рамки на работно време. Царинските службеници ќе дадат поддршка за непречено спроведување на царинските постапки, во новонастаната состојба, рече Танасоски.

Како што појасни, за времетрање на полицискиот час дозволено е движење на транспортни средства во рамки на тразнитна постапка со транзитен придружен документ Т1, извоз на стоки со извозен придружен документ EXMK, како и зедничко извозно транзитна постапка. Превозниците кои се движат во рамките на поедноставена постапка во транзит (овластен примач) и поедноставена постапка, локално царинење при увоз не смеат во никој случај да ја напуштат одобрената локација за времетрање на полицискиот час. Тоа  ослободување од ограничување важи за царинските испостави: Табановце, Блаце, Деве Баир, Ќафасан, Делчево, Ново Село, Богородица и Меџитлија.

Во случај на контрола од страна на припадниците на МВР за правилна примена на ова ослободување за сите нејаснотии ќе го контактира дежурниот оперативен центар на Царинска управа на 197.

Царинската управа,  по почетокот на пандемијата  Ковид 19 по службена должност ги продолжи роковите на важење на одобренија за поедноставени царински постапки, со што, потенцираше Танасоски, компаниите треба да бидат сигурни дека и понатаму можат да ги користат постапките на локално царинење на извоз и увоз.  Постапката за целосно бесхартиено извозно царинење што почна во дел од испоставите минатата недела, треба да се прошири и во сите царински испостави.

Како што најави Танасоски, Царинската управа по службена должност ќе го продолжи и рокот на важење на банкарските гаранции кои истекуваат до 30 јуни.

Царинската управа заедно со Државниот инспекторат за санитарно здравство и МАКАМТРАНС и АМЕРИТ ги координираше активностите за издавање на потврди на превозниците за придржување кон мерките за контрола и санитација и истовремено за олеснување на движењето на стоки.

Како што најави претходно Сугарски, од утре секој транспортер што ќе врши транспорт надвор од границите на државата ќе мора да извади дозвола од Државниот санитарени здравствен инспекторат.