Топла клима, бујна природа и богата културна традиција се дел од состојките во македонскиот рецепт за добра храна, објави денеска Владата.
– Мноштвото од зачини и билки што растат на планините и падините го красат секое залче на македонската трпеза. А, влијанието од медитеранската и ориенталната кујна им дава препознатлив белег на јадењата што се готват во срцето на Балканот. Кукурек, македонско кисело млеко, кочански ориз и штипска пастрмалија, ајвар и тавче гравче, охридските рибни специјалитети и македонско овчо сирење се само дел од јадењата кои ќе бидат претставени на саемот на вино, храна и туризам на Отворен Балкан во Белград, објави Владата на својот официјален профил на Фејсбук.
Претходно и премиерот Димитар Ковачевски објави слична содржина за престојниот саем во Белград.