На владината седница во вторникот е усвоена информацијата дека до целосното полноправно членство земјата во НАТО, обврските на националниот координатор за подготовките на Македонија за членство во НАТО ги презеде Дане Талески, советник за надворешна политика на премиерот Зоран Заев.
На денешната седница Владата утврди дека на Пендаровски му престанува функцијата поради изборот за претседател на Република Северна Македонија. Согласно член 83 од Уставот должноста претседател на Републиката е неспојлива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија.