Назначени се директори на 22 национални установи во Република Македонија, информираат од Министерството за култура.
За директор на НУ Ансамбл за народни игри и песни „Танец“ е назначен Мартин Вучиќ, на НУ Драмски театар – Скопје за директор е назначена Викторија Рангелова Петровска, на НУ Македонска филхармонија – Скопје за директор е назначен Виктор Илиевски, а на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза – Скопје Нифие Селмани.
Симона Угриновска е назначена за директор на НУ Македонски народен театар – Скопје, Митко Штерјов е назначен за директор на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Штип, Ацо Манински за директор на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Струмица, а Тасе Перовски за директор на НУ за управување со археолошки локалитет „Стоби“ – Градско. Наташа Поповиќ е назначена за директор на НУ „Охридско лето“, а Тодорче Тасевски на НУ Манифестација „Струшки вечери на поезијата“.
За директор на НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола е назначен Бојан Стефановски, на НУ Конзерваторски центар – Скопје – Коле Чапкановски, На НУ Конзерватоски центар – Гостивар – Илбер Зулфиќари, на НУ Музеј Кратово – Богдан Таневски, на НУ Центар за култура Крива Паланка Мира Георгиевска, на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево – Методи Толевски.
На НУЦК „Бели мугри“ – Кочани за директор е назначена Александра Димитрова, на НУ Центар за култура – Дебар е назначен Артин Спахију, на НУ Библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово – Имери Исмаили Њомза…