За две до три недели ќе се склучи меѓувладин договор со моќна европска држава, со чии пари ќе се градат инфаструктурни проекти. Парите не би се повлекле наеднаш, туку во неколку транши, а за првиот циклус – за локални, регионални и експресни патишта – од половина до една милијарда евра. Според ТВ Сител, станува збор за сума помеѓу 5,5 до 6 милијарди евра. Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Стојаноски, не откри детали од која држава ќе се земе кредитот, но вели дека е со многу поволни услови. Според него, ова задолжување нема да го зголеми јавниот долг.
Важно е дека со ова задолжување нема да се покачи јавниот долг, бидејќи кога сите тие средства ќе влезат во градежништвото, по економската логика ќе бидат триплицирани за целиот тој обем. Како ќе се инвестираат парите, така ќе расте БДП, така што очекуваме со овие средства да се намалува јавниот долг. Инаку ова задолжување е по екстра поволни услови од силна западно европска држава, изјави Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО ДПМНЕ .
Покрај за патишта, со парите ќе се градат и здравствени капацитени, а ќе стратува и брзата железеничка пруга од Табановце до Гевгелија, која ќе вози до 160 километри на час.
Тука ќе биде новата болница, односно завршување на Клиничкиот центар, болницата во Штип, изградба на нова болница во Кичево, како и реконструкција на операциони сали на неколку оддели во болницата во Тетово и започнување на градба на Коридор 10, брзата трака, каде карго транспортот ќе вози од 110 до 120 километри на час, а патничкиот до 160 км на час, додаде Стојаноски.