Пред малку стигна информација дека по дилемите во јавноста околу Илир Мехмеди, владата на истата седница, ескпресно донела одлука за промена на предлогот, па сега за директор на М-НАВ го предлагаат Хекуран Асани.
Тој е активен контролор на летање во М-НАВ и, според проверките, ги исполнува барањата наведени во член 17 од статутот на акционерското друштво во државна сопственост М-НАВ, односно има валидна дозвола за надзорен контролор за летање и најмалку шестгодишно работно искуство како контролор.