Празникот Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица со богослужби се прославува денес во повеќе храмови низ тетовско-гостиварската епархијата, а централната прослава и воедно одбележувањето на манастирската слава се одржа во Лешочкиот манастирски комплекс „Пресвета Богородица и свети Атанасиј Велики“.
Вчера 27 август четврток со почеток во 16 часот се отслужи празнична Вечерна богослужба, а денес 28 август петок со почеток во 7 часот започна Утрената богослужба, а Светата архиерејска литургија почна во 8 часот. Богослужеше митрополитот тетов
Во својата беседа г Јосиф порача дека поради страшната пандемија верниците се молат Богородица да донесе среќа и здравје на секоја човечка душа, особено за оние што се болни и што страдаат.
–Да се помолиме Богородица Мајка да ни помогне пред сè да станеме подобри луѓе. Овој празник нека нè потсети на љубовта и почитта кон родителите и кон нашата обврска да се грижиме за постарите. Правете им добро за добро и вам да ви се врати. И, како што рекол нашиот народ не копајте гроб на друг, оти сами ќе паднете во него, истакна владиката Јосиф.
-Денес на Успение, ние не ја славиме смртта, туку заспивањето и вознесувањето, заминувањето на небото, воскреснувањето како со душата, така и со телото на Пресвета Богородица, која бдее над нашите души, чувајќи ги од злото и подготвувајќи ги за доброто и за вечниот живот, истакна надлежниот митрополит за денешниот празник.
– Еден празник достојно се прославува доколку го посетиме храмот Господов, доколку сме присуствувале на богослужението, доколку сме постеле, исповедале и како круна на сè доколку сме се причестиле со Светите Христови тајни. Подготовките за овој значаен празник започнаа пред две недели, со почетокот на Богородичниот пост, а денес е централното чествување. Оние што во овој период постеле, се исповедале и добиле благослов од својот духовен отец приоѓаат и се причестуваат со Телото и Крвта Христови, рече владиката.
Покрај во Лешок, Успение на Пресвета Богородица во тетовско како храмова слава ја празнуваат црквите именувани Света Богородица во Тетово, Џепчиште, Брезно и Теарце.