Министерството за правда соопшти дека вчера се одржала средба меѓу претставници на власта и опозицијата на која бил разгледан последниот законски текст за јавното обвинителство со кој треба да се реши идниот статус на СЈО, но оти и натаму клучните разлики остануваат.
-Со оглед на тоа што клучните разлики остануваат, двете страни се согласија консултациите за законот да продолжат. Уште еднаш потенцираме дека сите политички партии треба да дадат приоритет на европската перспектива на нашата држава, земајќи ги предвид препораките на Европската Унија и меѓународната заедница кои се однесуваат на владеење на правото и правната држава, а кои се клучни за отпочнување на преговори со Европската Унија, соопшти Министерство за правда.