Ден пред распишувањето на претседателските избори, владејачкото мнозинство успеа да избере нов државен обвинител. Љупчо Коцевски стана обвинител со 62 гласа „за“. Опозицијата не гласаше за предлогот.
Дебатата за неговиот избор речиси и да немаше, а се водеше во празна сала во која седеа само неколкумина народни избраника, и тоа без присуство на владин преставник иако јавниот обивнител се избира на предлог на Владата.
Но, Аврамовска Мадиќ сепак не се појави во салата.
Говорници беа единствено пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои ја критукуваа власта да избира обвинител пред избори.
Пратениците од власта не се ни обидоа да го одбранат Коцевски, само му порачаа да не се врзува со ниедна партија.
Коцевски, кој утре ќе ја даде и заклетвата, ќе раководи со Јавното обвинителство во наредните пет години. Доаѓа на местото на Љубомир Јовески чииј мандат истече на 25 декември. Во трката за обвинител влезе заедно со Фатиме Фетаи и Лидија Раичевиќ, но тие две не го минаа филтерот на Советот на јавни обвинители.
Пред да стане државен обвинител Коцевски работел во вишето јавно обвинителство во Гостивар. Не е познат за јавноста иако од Советот на јавните обвинители рекоа дека тој ги минал сите скалила во обвинителската професија, имал добри односи со колегите и силни организациски способности.