Штетите од саботните протести на „жолтите елеци“ во Париз се поголеми отколку пред една недела, објавија денеска локалните власти.
– Многу поголема штета е направена вчера отколку пред една несела, изјави денеска заменикот градоначалник Емануел Грегор кој е задолжен за финансиите на градската управа.
– Економската цена е многу поголема, додаде тој објаснувајќи дека голем број продавници останале за викендот затворени пред традиционалната предбожикна шопинг сезона.
Француската полиција на вчерашните протести уапсила 1.385 лица во целата земја, а 985 од нив се задржани на распит, соопшти министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер.
Во цела Франција протестирале вкупно 125.000 лица, од кои 10.000 во Париз. Кастанер соопшти дека 118 демонстранти биле повредени, но и 17 припадници на полицијата.
– Беше запрена ескалација на насилството. Сепак, насилството останува на ниво кое е недозволиво, истакна министерот.