Боки 13 е задржан на лекување во болницата Св.Наум Охридски откако денеска бил донесен за контролен преглед. Причина за неговото задржување во хирушката клиника е влошување на здравствената состојба вели неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ според кого се оствариле стравувањата.

Тој посочува дека влошувањето на здравствената состојба на Бојан Јовановски е поради тоа што во затворот нема елементарни услови за примена на неопходниот здравствен третман за Јовановски .

– Заради сериозноста на состојбата надлежните лекари специјалисти од областа донесоа одлука пациентот да биде итно задржан на болничко лекување. Во лекарскиот извештај на специјалисти од областа е наведено дека ваквото влошување на здравствената состојба е резултат на неспроведувањето на терапијата и медицинскиот третман кај пациентот. На ден 31.10 2022 година ваквата состојба е констатирана и од стручниот колегиум на клиниката за гастрологија, вели адвокатот Туфегџиќ.

Адвокатот минатата недела поднесе барање до директорот на управата за извршување санкции да дозволи 30 дневен прекин на издржување на казната за Јовановски поради потреба од болничко лекување а сега најави и дека утре ќе го дополни ова барањее со најновата медицинска документација врз основа на која е задржан на болничко лекување.