ДКСК јавно се избламира изигрувајќи адвокат на дезертерот Ковачевски. Без јасна елаборација во јавноста тие побрзаа да го амнестираат Ковачевски за аферата „Броило“ тешка 26 милиони евра. Затоа ВМРО-ДПМНЕ поднесува претставка  до ДКСК со цел истата убаво да го испита случајот и да донесе одлука согласно со законот.

За да им помогнеме ќе им посочиме неколку непобитни факти.

Прво, Ковачевски и неговиот кум ја основаат „Пиксел Груп“ 5 месеци откако СДС формира влада во 2017 година. Од тука почнува аферата „Броило“ и создавањето на соларниот картел кој до сега е влезен во бизниси од над 26 милиони евра.

Второ, за само една година, „Пиксел Груп“ гради фабрика за изработка на фотоволтаични панели.

Трето, во истиот период КМГ ЕОЛ Квазар, сопственост на кумот на Ковачевски добива државни тендери во висина од 2 милиони евра, и тоа  за поставување на соларни панели, кои ги прави „Пиксел Груп“. Од тука почнуваат сомнежите за злосторничко здружување.

Четврто, Ковачевски станува заменик министер за финансии, а КМГ ЕОЛ Квазар склучува договор со ЕВН од над 2 милиони евра, повторно за монтирање на фотоволтаични панели, која самата не ги изработува, туку ги изработува „Пиксел Груп“ основана од Ковачевски. Тргувањето со влијание е впечатливо.

Петто, Ковачевски станува премиер во јануари 2022 година. Четири месеци подоцна во Бугарија се отвора фирма од бугарски граѓани под името „Солар Хорајзон“. Во август 2022 бугарската фирма доаѓа во Македонија и заедно со „Пиксел Груп“ основана од Ковачевски почнуваат инвестиција во фабрика во ТИРЗ Тетово во вредност од 54 милиони евра.

Дополнително, „Пиксел Груп“ на Ковачевски добива државна помош, и кога Ковачевски е заменик министер за финансии и во време додека е мандатар за избор на нова влада.

Антикорупциска има можност да се преиспита и да се одважи. Доколку ДКСК имаат храброст треба да отворат случај и целата афера „Броило“ да ја испитаат. Граѓаните ги плаќаат да се борат со корупција, а не да бидат адвокати на функционерите од власта.