Власта им остава можност на Јовче и Фросина Ременски да влијаат на истрагата.
Сѐ додека Јовче Ременски не биде суспендиран од работа, се отвора простор да влијае на истрага сѐ со цел да ја спаси својата сопруга од криминалот во кој е заплеткана.

Почитувани,

Оваа истрага за ,,Рекет”е само фарса.
Русковска – обвинителството прави сѐ само за да ги прикрие трагите кои водат до главата на октоподот.

Шест месеци ѝ беа оставени на Фросина Ременски да влијае на истрагата и да ги чисти доказите, иако уште пред половина година сите знаеја за вмешаноста на Ременски во оваа аферата.
Симболичното замрзнување на партиските функции е само замачкување на очите на јавноста, во ситуација кога нејзиниот шеф Зоран Заев врши јавен притисок врз органите на прогонот прогласувајќи ја за невина.

Иронично е Фросина Ременски да остане пратеник кој ќе го гласа буџетот на Русковска.
Осомничената Фросина Ременски ќе носи и закони од областа на безбедноста, а треба да дискутира и за законот за обвинителство.
Иронијата да биде уште поголема, нејзиниот сопруг Јовче Ременски е функционер во новоформираната Агенција за национална безбедност.

Ременски, кој според одредени информации поседува највисок безбедносен сертификат е потенцијален ризик врз истрагата против неговата сопруга.

Дали Јовче Ременски знаел за криминалот кој сега се става на товар на неговата сопруга? Дали свесно ги прикривал и бил соучесник во истиот или нема никаков капацитет за функцијата што ја извршува?
Дирекцијата за класифицирани информации и АНБ треба веднаш да ја преиспитаат одлуката со која му е доделен безбедносен сертификат и да го стават под повторна контрола Јовче Ременски.

ЈО мора да истражи дали Фросина Ременски користела информации и услуги од тајната полиција, со помош на кои го вршела криминалот кој што во моментот и се става на товар.

Јовче Ременски дотогаш мора да биде суспендиран.

Јавноста беше сведок дека тој не размислува два пати кога треба да се закани со апсења и класифицирани информации. Не смее да се дозволи тоа да им го прави и на оние кои ги истражуваат делата на неговата сопруга.

Криминалот не смее да се толерира.

Време е власта да престане да глуми истрага и да се зафати со реално расчистување на случајот Рекет.
Со брачни другари на осомничените со сертификати со највисок степен на доверливост во тајните служби тоа не е можно во моментот.