Уште еднаш ја повикуваме оваа неодговорна Влада предводена од пиунот Ковачевски да ја преиспита Одлуката за започнување на второто полугодие за учениците во услови кога сојот омикрон коси во Македонија!, севели во соопштението на Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ
Затоа предлагаме наставата од второто полугодие за учениците од четврто до деветто одделение и средно образование да продолжи онлајн во наредните две недели, а од прво до трето одделение наставата да започне со физичко присуство, но секојдневно да се следи епидемиолошката состојба во училиштата низ Македонија.
Потребни се итни мерки за спречување на ширењето на КОВИД-19 во Македонија!, се истакнува во повикот.