Уцените, притисоците и заканите не и успеаја на власта за да го скрши штрајкот на СОНК, па сега преку омилениот синдикалец Дарко Димовски измисли социјален дијалог кои се обидуваат да ги измамат наставниците, професорите и воспитувачките, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Понатаму се истакнува:
Владата на Ковачевски треба да ги прифати барањата на СОНК, а не да се обидува преку нивниот омилен синдикалец да прави квази договори. Димовски е добро познат како верен послушник и умилкувач, најпрвин кон Зоран Заев, а сега и кон Димитар Ковачевски.
Целта на оваа неспособна власт е целосно да го минира штрајкот на просветните работници, бидејќи не се способни да им излезат во пресрет на барањата на професорите.
Бидејќи не сакаат да ги исполнат нивните барања, си најдоа верен придружник кој ќе прифати се што неговите нагодавачи ќе му понудат, а потоа тој ќе се преставува како месија за решавање на проблемот. Но проблемот нема да биде решен бидејќи нема да бидат прифатени барањата на наставниците и професорите, а со тоа и ќе се продлабочи проблемот.
Власта треба да престане да краде и да одвои средства за зголемување на платите на просветните работници, зголемувања пропишани во колективните договори.
Со почитување и усогласување на Колективниот договор платата за наставник приправник од 22.764 денари ќе порасне на 41.256 денари, или од 24.782 денари нето платата ќе изнесува 45.054 денари за наставник. Во средните училишта од сегашните 25.838 денари, платата со усогласување на Колективниот договор ќе изнесува 45.594 денари.
Ја повикуваме власта да им излезе во пресрет на барањата на просветните работници кои се во генерален штрајк повеќе од две недели и учениците да се вратат во школските клупи, а професорите и наставниците на нивните работни места, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.