СДС пишуваат беседи по социјалните мрежи, а за да ги пренесат медиумите и портали во насловот додаваат – Мицкоски.
Овој роман денес напишан од страна на СДС, којшто нема никаква поента туку колку да имаат нешто напишано граѓаните не ги интересира.
Граѓаните напротив, ги интересираат двете градинки кои ги отвори претседателот овие два дена, пензиите и платите кои ќе се зголемат во март, борбата против криминалот и корупцијата, достоинственото претставување во Европа, како и реформите кои следуваат оваа година.
На СДС им порачуваме наместо да стануваат писатели и поети, да земат да се реформираат.
П.С. Се врати ли Венко од скијање или на плажа во Дубаи е?
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ




