И кога е од Заев многу е. Да поставиш соработник на Милошевиќ и шверцер на нафта за амбасадор во САД, значи прво дека не ја почитуваш сопствената земја, а потоа ниту САД, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на информацијата дека Владата го предлага Љубомир Фрчкоски за амбасадор во САД.
-Љубомир Фрчкоски е човек кој не се врзува со проекти, туку со скандали. Додека тој беше МВР и МНР се случија приватизацијата, промената на знамето, убиства и грабежи. Киро Глигоров лично кажал дека Фрчкоски му нудел скап часовник и други скапи подароци за да го промени името, што било одбиено од истиот. Фрчкоски е човекот кој беше МВР кога подоцна се случи атентатот врз Претседателот Киро Глигоров и не го расчисти. Фрчкоски тепаше студенти и жени. Фрчкоски е мизогинист, кој што не го крие тоа, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека Љубомир Фрчкоски не може да биде лицето кое ќе ја претставува Македонија во Вашингот, тој е се само прогресивен елемент не.